Дома Фудбал Челси не заборава: Откако ја освои титулата возврати на клубот кој ги исмејуваше!

Челси не заборава: Откако ја освои титулата возврати на клубот кој ги исмејуваше!

Челзи ја освои титулата светски клупски шампион откако го совлада ПСЖ со 3:0 во завршницата на турнирот што се одржа во Соединетите Американски Држави. Треба да се истакне дека многу клубови му честитаа на Челзи, а меѓу нив и Фламенко.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овие две екипи се сретнаа во групната фаза, каде што бразилскиот клуб однесе победа со 3:1. Англичаните поведоа со гол на Педро Нето во 13. минута, но второто полувреме целосно им припадна на Бразилците. Најпрво Бруно Енрике израмни во 62. минута, додека Данило погоди за 2:1 само три минути подоцна. Конечниот резултат од 3:1 го постави Валас Јан во 83-тата минута.

По значајната победа на Фламенго, се случија грандиозни сцени на прослава на познатата плажа во Рио де Жанеиро, а клубот тоа го објави и на социјалната мрежа X. Бразилскиот клуб сподели неколку шеги на сметка на Челзи, како на пример: “Лесна победа на лондонските сини” и “Челзи е само мало квартче во Лондон”.

Тој начин на прослава не остана незабележан во Челзи и администраторот на социјалните мрежи на тој клуб чекаше момент за “одмазда”. Тоа го направи по објавата на Фламенго на X, каде што го означија Челзи и напишаа: “Честитки до Челзи, заслужено шампиони.” Одговорот од Лондон беше: “Челзи? Зарем не е бевме лондонските син?”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Папата го прашаа дали навива за Реал Мадрид или Барселона, еве што одговори

Во недела, членовите на Реал Мадрид ќе имаат можност да гласаат на вонредните избори за пр…