Дома Фудбал Се појави скандалозно видео: Трам си присвои медал наменет за победниците на Светското клупско првенство! (Видео)

Се појави скандалозно видео: Трам си присвои медал наменет за победниците на Светското клупско првенство! (Видео)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно се најде во центарот на вниманието по финалето на Светскиот клупски шампионат, каде што задржа медал кој требаше да биде доделен на играчите на победничкиот тим.

Трамп присуствуваше на церемонијата за доделување на трофејот по триумфот на Челси против ПСЖ со 3-0 во финалниот меч. Беше во друштво на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и неговата сопруга Меланија, а во текот на доделувањето на наградите активно учествуваше иако официјално немаше никаква улога на настанот.

По церемонијата, Трамп го прифати медалот кој му беше предаден од еден од организаторите и го задржа за себе со одобрение од Инфантино, верувајќи дека станува збор за симболичен подарок.

ФИФА се уште не објавила официјално соопштение, а од Челси не сакаа да коментираат за случката.

Да потсетиме, Челси го победи Парис Сен Жермен со 3-0 и ја освои титулата светски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште една земја му го сврте грбот на Инфантино

Уште еден национален сојуз се сврте против Инфантино и бара негова замена. Се повеќе нацио…