Дома Фудбал Палмер: Многумина зборуваа сра*а за Челси цела сезона, но покажавме кои сме

Палмер: Многумина зборуваа сра*а за Челси цела сезона, но покажавме кои сме

Челси го освои Светското клупско првенство. Во финалето победи против ПСЖ со 3:0 и го освои вториот трофеј оваа година, откако во мај ја освои Конференциската лига. Двапати прецизен беше Кол Палмер во 22. и 30. минута, а Жоао Педро погоди во 43. минута.

Палмер беше херој на Челси со два гола и асистенција, а заслужено ја понесе наградата за играч на натпреварот. По натпреварот изјави дека во Лондон се гради одличен тим: „Тренерот Мареска гради нешто специјално, имаме одличен млад тим. Многумина зборуваа многу глупости за нас во текот на сезоната, но мислам дека сме на вистинскиот пат“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Тренерот состави одличен план за игра. Знаеше каде ќе има простор, знаеше како да ме ослободи што повеќе, а јас само се обидов да му возвратам со голови. Чувството е одлично. Уште е подобро бидејќи сите се сомневаа во нас пред натпреварот. Знаевме дека треба да излеземе на теренот и да се бориме, токму како што направивме, против одличен тим“, заврши Палмер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жестока реакција на Осогово: Судијата Салихи е срам и брука за ФФМ!

Осогово претрпе пораз од 2-3 против Скопје во четвртото коло од Втората лига, но мечот во …