Дома Фудбал Фудбалери на Челси го „бркаа“ Трамп од бината, но тој не се даде: Не сакам, ќе останам да славам со вас (Видео)

Фудбалери на Челси го „бркаа“ Трамп од бината, но тој не се даде: Не сакам, ќе останам да славам со вас (Видео)

Фудбалерите на Челси го освоија Светското клупско првенство, победувајќи убедливо против ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако на хартија ПСЖ беше фаворит во ова финале, тимот на Челси сосема заслужено победи.

Веќе по првото полувреме Челси имаше предност од дури 3:0 и беше јасно дека на ПСЖ му треба чудо во вториот дел од натпреварот.

Палмер двапати и Жоао Педро еднаш беа стрелци за Челси во ова финале.

Во второто полувреме од ПСЖ не видовме ништо освен огромна грубост од играчите на овој тим.

Тоа резултираше и со црвен картон за Жоао Невес во финишот од натпреварот, бидејќи без топка ја повлече за коса Кукурела.

По натпреварот следуваше и тепачка и тоа по скандалозниот потег на тренерот на ПСЖ, Луис Енрикe.

Тој, наиме, се доближи до Жоао Педро и прво го фати за врат, а потоа го удри со тупаница во лице.

Сè се смири по неколку минути и следуваше доделувањето на пехарот, што не можеше да помине без Трамп.

Претседателот на САД зачекори на сцената и го додели пехарот, но и „прослави“ со играчите на Челси.

Џејмс и играчите на Челси му кажуваа на Трамп дека треба да се повлече, но тој сакаше да остане. 

„Не, останувам да прославам со вас“, изјави Трамп.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…