
Македонската репрезентација постигна историски успех и се закити со титулата европски шампион во Дота 2 на Европското е-спорт првенство! Нашите е-спорт херои денеска триумфираа во финалето против селекцијата на Белорусија со резултат 2-1, со што официјално го освоија првото место на континентот во оваа популарна мултиплеер видео-игра.
Од самиот почеток на турнирот, македонскиот тим покажуваше врвна форма и непоколеблива посветеност. Во групната фаза забележаа дури четири победи без ниту еден пораз, навестувајќи дека имаат сериозни амбиции за титулата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Патот кон златото продолжи со доминантен настап и во елиминациската фаза. Во полуфиналето, Македонија ја совлада Романија со убедливи 2-0, а во финалниот дуел со Белорусија, македонските гејмери повторно блеснаа.