Дома Фудбал Големо засилување за Мурињо: Фенербахче потпишува со бивш фудбалер на Реал Мадрид и ПСЖ

Големо засилување за Мурињо: Фенербахче потпишува со бивш фудбалер на Реал Мадрид и ПСЖ

Турскиот Фенербахче, за којoг брани хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ, е блиску до договор за трансфер на играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Асенсио (29), објавија италијанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Асенсио по седум години во Реал Мадрид, летото 2023 како слободен играч премина во ПСЖ. Но, кај европскиот шампион имаше оскудна минутажа, па пролетниот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Астон Вила, каде што постигна осум голови и една асистенција. Договорот со францускиот клуб му истекува во јуни следната година.

Кариерата ја започна во Мајорка, а како 19-годишник премина во Реал Мадрид. “Кралевите” го испратија на позајмица во Еспањол, а во летото 2016 се врати во Реал, за кој одигра 286 натпревари, при што постигна 61 гол и 32 асистенции. За шпанската репрезентација одигра 38 натпревари и постигна два гола.

Фото: Скриншот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…