Дома Останати Тенис Ѓоковиќ доби извинување какво што не го очекуваше ниту во најлудите сништа

Ѓоковиќ доби извинување какво што не го очекуваше ниту во најлудите сништа

Новак Ѓоковиќ почна да губи големи мечеви и изгледа на тој начин ја придоби љубовта на јавноста, поради што му пристигна извинување што сигурно не го очекуваше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ во последно време не успева на Грен Слем турнирите, годините и телото го прават своето и тој не е во состојба во период од две недели да одигра шест до седум врвни мечеви.

Сето тоа најдобро се виде во полуфиналето на Вимблдон, кога изгледаше немоќно поголемиот дел од дуелот против Јаник Синер. Тој самиот призна дека повеќе не може да се натпреварува како порано.

По поразот од Италијанецот, Ѓоковиќ доби извинување од личност која најголемиот дел од кариерата го критикуваше. Призна дека конечно погрешила.

Новинарката на угледниот New York Times, Kelly Corrigan, му посвети посебен текст на српскиот тенисер со наслов: “Ѓоковиќу, погрешив со тебе”.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…