Дома Фудбал Почна чистката во Мадрид: Алонсо отпиша шест фудбалер на Реал

Почна чистката во Мадрид: Алонсо отпиша шест фудбалер на Реал

Светското клупско првенство во Реал Мадрид го искористија за да видат кои играчи се вклопуваат во визијата на новиот тренер Xаби Алонсо, а кои кралскиот клуб ќе се обиде да ги продаде веќе ова лето.

Реал Мадрид на натпреварот во Америка стигна до полуфиналето, но тамо беше декласиран од ПСЖ со дури 4:0.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Натпреварот против европскиот првак ги откри сите слабости во екипата на Xаби Алонсо, и дека пред новиот тренер на Реал Мадрид има многу работа пред почетокот на новата сезона.

Шпанските медиуми пишуваат дека по враќањето во Мадрид, Алонсо имал разговор со Флорентино Перес во врска со играчкиот кадар и дека има надеж дека ќе добие уште неколку засилувања ова лето.

Реал ја зајакна одбраната, но со трансферите не завршија бидејќи сега целта е и во средниот ред да доведат барем двајца нови играчи.

Меѓутоа, покрај сите тие нови засилувања јасно е дека некој ќе мора да го напушти Реал бидејќи нема место за сите тие играчи во соблекувалната на кралскиот клуб.

И тоа беше тема на разговор меѓу Алонсо и Перес и тие се согласиле кои играчи треба да одат на трансфер листата и на кои новиот тренер на Реал не смета толку сериозно во новата сезона.

Мадридски AS објави утрово дека Алонсо отпишал дури шест играчи на Реал и дека тие ова лето можат да го напуштат клубот. Целта за повеќето е да ги продадат, а некои од нив веројатно ќе одат на позајмица.

Играчите на кои Алонсо не смета во новата сезона на Реал Мадрид се Дејвид Алаба, Ферланд Менди, Дани Себајос, Родриго, Браим Диаз и Ендрик.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најмала земја во историјата успеа да се квалификува за Светското првенство

КУРАСАО го освои местото како најмала земја во историјата која се квалификувала за Светско…