
Полската тенисерка Ига Швјонтек (ВТА:8) го освои својот прв трофеј на Вимблдон на импресивен начин, совладувајќи ја Американката Аманда Анистмова (ВТА:12) со резултат 6:0, 6:0, во финале што ќе се запамети по нејзината апсолутна доминација.
Натпреварот траеше само 57 минути, при што Анистмова не успеа во ниту еден момент да најде одговор за беспрекорната игра на првата носителка.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Швјонтек блесна во секој аспект од играта – од прецизниот сервис, до извонредната подвижност и разорните удари од основната линија.
Иако борбената Американка се обидуваше, едноставно не можеше да го следи ритамот што го наметна Полјачката и доживеа пораз што не се памети во финале на Вимблдон.
Во ерата на Опен никој досега не победил со 6:0, 6:0 на Вимблдон. Били Џин Кинг била најблиску до тоа во 1975 година, победувајќи со 6:0, 6:1 против Евон Гулагонг.
Интересно е што последен пат ваков резултат на Вимблдон се забележал во 1911 година, кога Доротеа Ламберт Чемберс ја победила Дора Бутби со 6:0, 6:0.
Со оваа победа, Ига Швјонтек стигна до својата шеста титула од Гренд Слем. Досега четири пати го освоила Ролан Гарос и еднаш УС Опен.