Дома Фудбал Поранешниот португалскиот шампион исфрлен во петта лига!

Поранешниот португалскиот шампион исфрлен во петта лига!

Боависта, еден од само петте клуба кои некогаш ја освоиле португалската лига, е изваден во петтата лига, објави Комисијата за лиценцирање при Фудбалскиот сојуз на Португалија.

Минатата сезона Боависта се најде надвор од врвното натпреварување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поразот од Арока со 4:1 на 17 мај го потврди нивното преселување во понискиот рангови.

Сепак, клубот не успеа да добие лиценца за учество поради финансиски потешкотии. Истата ситуација се повтори и во однос на третата и четвртата лига на Португалија.

Без исполнување на финансиските услови, Боависта беше принудена да се натпреварува во една од регионалните лиги на Португалија – кои претставуваат петтиот ранг на натпреварување.

Овој клуб од Порто е основан во 1903 година, и ја освои титулата шампион на Португалија во сезоната 2000/01.

Во таа сезона, посебно се истакнаа голманот Рикардо и играчот од средина на теренот Пети, кои подоцна станаа стандардни репрезентативци на Португалија на Светското првенство 2006 година.

Покрај големата тројка – Бенфика, Порто и Спортинг – единствените клубови кои ја имаат освоено португалската лига се Боависта и Белененсеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо доби ужасни вести: Ѕвезда на Реал три месеци надвор од теренот, ќе пропушти 17 натпревари

Многу лоши вести пристигнаа денес за навивачите на Реал Мадрид, но и за тренерот на овој т…