Дома Фудбал Ѓокереш презеде драстични чекори за да изнуди трансфер во Арсенал, во Спортинг никогаш нема да му простат

Ѓокереш презеде драстични чекори за да изнуди трансфер во Арсенал, во Спортинг никогаш нема да му простат

Сепак не е завршена целата сапуница кога станува збор за Виктор Ѓокереш и неговиот евентуален трансфер во Арсенал.

Овој одличен напаѓач сега направи нови чекори, и сето тоа за да го изнуди заминувањето од Спортинг, и трансферот на Емирјатс.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ѓокереш практично е главната приказна на летото, а беше поврзуван со неколку клуба. Освен Арсенал, најмногу интерес покажале Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Сите три екипи бараат вистински напаѓач, а Ѓокереш донесе одлука својата кариера да ја продолжи во Арсенал.

Ѓокереш толку многу сака да се пресели во Арсенал што дури јасно му кажа на раководството на Спортинг дека нема да се појави на прозивка ниту ќе доаѓа на тренинзи.

Тој се чувствува предадено од страна на претседателот Фредерико Варандаш затоа што имал договор околу трансферот со него.

Имено, нив двајца имале усмен договор дека Ѓокереш ќе биде продаден за 60 милиони евра фиксно плус 10 милиони евра во бонуси.

Арсенал веднаш ја испрати таа понуда, но таа не беше прифатена и Спортинг сака 80 милиони евра, од кои 70 милиони евра фиксно.

Тој денес повторно испрати порака до претседателот на Спортинг Варандаш дека нема никаква намера да се појави на тренинг ниту да игра за овој клуб.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул мора да продаде тројца фудбалер за да го купи најскапото засилување во нивната историја

Ливерпул продолжува да се поврзува со Александар Исак и може конечно да ги има клучевите з…