
Душан Влаховиќ, преку своите агенти, поставил ултиматум до Јувентус и сега се очекува разврска на ситуацијата. Една од опциите е и раскинување на договорот.
Душан Влаховиќ и Јувентус – нервозни моменти. Ова накратко ја опишува тековната ситуација меѓу српскиот напаѓач и италијанскиот клуб. Клубот се надеваше на брза продажба на Влаховиќ за да обезбеди средства за нови засилувања, но работите не одат толку лесно. Српскиот играч нема намера да се откаже од својата плата, и зошто би тоа го направил? Токму тука настануваат проблемите.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Влаховиќ заработува 12 милиони евра годишно нето, а Јувентус му понудил нов договор со значително пониски примања, што тој го одбил. Се водат преговори, и според италијанскиот весник “Република,” агенти на Влаховиќ, по ФИФА клупското Светско првенство, разговарале со раководството на тимот од Торино и побарале 10 милиони евра за раскинување на договорот, но клубот ги одбил тие барања.
🚨 Јувентус размислува да го раскине договорот со Душан Влаховиќ за да го ослободи од платниот список.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) 10 јули, 2025
Тоа значи дека заинтересираните клубови би можеле да го добијат без надомест.
(Извор: @DiMarzio) pic.twitter.com/dcSvSub2dv
Кои се можните решенија? Италијанските медиуми наведуваат дека раскинот на договорот е една од најреалните опции, иако тоа би било несмислено. Во таков случај, Јувентус би го оставил Влаховиќ да замине бесплатно во друг клуб, без да заработи ништо. Јасно е дека барањата за 60-70 милиони евра не се реални за незадоволен играч, но исто така се чини дека нема да го ослободат без никаква финансиска добивка…