
Фудбалскиот клуб Лион останува во најсилната француска лига, откако е прифатена жалбата на клубот, објави француската Лига 1.
Како што е објавено, раководството на клубот чиј играч е и Србинот Немања Матиќ, успеа да обезбеди финансиски гаранции кои денеска ги прифати апелацискиот одбор на Дисциплинската комисија на француската Лига 1, по што е поништена одлуката за испаѓање на клубот во понизок ранг.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Мишел Канг, новата претседателка на клубот, и Михаел Герлингер, новиот генерален директор, успеаја за кратко време, по 24 јуни и одлуката за испаѓање во понизок ранг, да ги решат горливите проблеми и да обезбедат финансиски гаранции за учеството на клубот во Лига еден.
Лион новата сезона во Лига 1 ја отвора на 17 август со гостување кај Ланс.
Фото: Принтскрин