Дома Фудбал На повидок голема размена помеѓу Манчестер јунајд и Јувентус!

На повидок голема размена помеѓу Манчестер јунајд и Јувентус!

Летниот трансфер период сѐ повеќе се разгорува, а англиските медиуми сега носат вистинска сензација во режија на Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ веќе подолго време е на прагот да го напушти Јувентус и само се чека денот кога ќе го напушти „Старата дама“.

Иако беше донесен за значителна сума и со големи амбиции, во последно време напаѓачот падна во сенка и се очекува да пронајде нова средина.

Италијанскиот клуб активно бара решение за Влаховиќ, а неодамна се појави вест дека неговата цена е снижена на само 20 милиони евра.

Англиските медиуми сега известуваат за огромна вест, во центарот на вниманието се големите Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Имено, раководствата на „Црвените ѓаволи“ и „Старата дама“ имаа состанок за можна размена на играчи, при што станува збор за Јадон Санчо во замена за Душан Влаховиќ.

Санчо минатата сезона ја помина во Челси како позајмен играч на Манчестер Јунајтед, но некогашниот „чудо од дете“ не успеа да се истакне во Лондон.

„Сините“ решија да не ја продолжат соработката и да не го откупат англискиот играч, па тој се врати на Олд Трафорд, каде најверојатно нема да остане долго.

Рубен Аморим и неговиот стручен штаб не планираат сериозно да сметаат на крилниот напаѓач, кој се наоѓа во слична ситуација како Влаховиќ во Јувентус.

Оваа размена би можела да биде совршено решение за двата клуба и за двајцата играчи, кои очигледно требаат нова средина за да се докажат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо го заврши првото големо летно засилување за Реал Мадрид, ќе ги чини само 25 милиони евра!

Според информациите што ги објави новинарот Флоријан Плетенберг, кралскиот клуб е многу бл…