Кумановци го запишаа третиот пораз во рамки на БИБЛ лигата, откако вечерва загубија од Тирана со 75:73.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Очајната игра во трите четвртини на Куманово, пресуди на мечот, и направи македонскиот состав да не ја оправда фаворитската улога.
Највисоката негатива која ја имаа кошаркарите на Петровиќ беше 19 поени.
На крајот во самиот финиш, Куманово имаше можност да дојде до пресврт, но сепак не успеа во тоа, па на крајот извлече пораз од само 2 поени.
Караколев во редовите на Куманово беше најпрецизен со 23 постигнати поени.