Дома Фудбал Пред дербито со ПСЖ: Миленикот на навивачите на Реал Мадрид доби одлични вести

Пред дербито со ПСЖ: Миленикот на навивачите на Реал Мадрид доби одлични вести

Реал Мадрид вечерва ќе игра полуфинале од Светското првенство за клубови против ПСЖ, а еден од играчите од кои се очекува уште еднаш да имаат запазена улога е Арда Гулер.

Миленикот на навивачите на Реал Мадрид – Арда Гулер го импресионираше Чаби Алонсо од доаѓањето на шпанскиот стручњак на клупата на Реал Мадрид.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Турчинот започна секој натпревар од Светското клупско првенство од првата минута и даде одлични партии.

Во четвртфиналето против Борусија Дортмунд особено блескаше и се најде во улога на асистент двапати при победата на Мадридчаните со резултат 3:2.

Очигледно е дека 20-годишникот има голема доверба од новиот шеф на стручниот штаб, што е нешто што сите навивачи на Реал Мадрид сакаат да го чујат.

Сепак, кога беше објавено дека Франко Мастантуоно ќе се придружи на редовите на кралскиот клуб, многумина се плашеа дека Гулер ќе падне во втор план.

Мастантуоно е играч со сличен профил како Гулер, па многумина мислеа дека доаѓа да биде прв избор пред самиот Турчин.

Угледниот „The Athletic“ сега објави дека тоа нема да биде случај, и дека во клубот му рекле на Гулер дека неговата минутажа нема да биде нарушена со доаѓањето на Аргентинецот.

Се очекува овој млад двоец да игра заедно на теренот, новото засилување – Мастантуоно на десното крило, а Гулер во средината на теренот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој е виновен? Мусијала се огласи по тешката повреда и операција

Еден од најдобрите фудбалери на Баерн и германската репрезентација Џамал Мусијала се оглас…