Дома Фудбал Гвардиола најде засилување од Интер, вака ќе изгледа моќната „машинерија“ на Сити од следната сезона (Фото)

Гвардиола најде засилување од Интер, вака ќе изгледа моќната „машинерија“ на Сити од следната сезона (Фото)

Манчестер Сити ќе се обиде следната сезона да се врати на голема сцена, а Пеп Гвардиола состави многу моќен тим кој би можел да стане уште помоќен.

На сите им е јасно дека Манчестер Сити го очекува вистински ремонт, а веќе неколку звучни имиња пристигнаа во овој клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Станува збор за Рајан Черки, Тијани Рејндерс и Рајан Аит-Нури кои веќе ги засилија редовите на клубот од синиот дел на Манчестер.

Но, тука нема да заврши. Како што пренесуваат англиските медиуми, Пеп Гвардиола и останатите се заинтересирани за услугите на Дензел Думфрис од Интер.

Холанѓанецот има смешна откупна клаузула во својот договор која изнесува само 25 милиони евра – што е вистинска ситница за играч од негов квалитет.

Иако многу се зборуваше за премин на десниот бек во Барселона, од тоа нема да има ништо, бидејќи каталонскиот клуб одлучи да му верува на Жул Кунде и на своето дете – Ектор Форт на таа позиција.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џејми Варди во последните моменти го заврши трансферот кој е вистински хит!

Џејми Варди најде нов клуб откако потпиша едногодишен договор со италијанскиот Кремонезе. …