Дома Останати Кошарка Ужасни вести за финалистите од НБА. Останаа без најдобриот играч за следната сезона

Ужасни вести за финалистите од НБА. Останаа без најдобриот играч за следната сезона

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС официјално потврдија дека нивниот најдобар играч, Тајрис Халибартон, ќе пропушти цела сезона 2025/26 поради сериозна повреда – пукање на десниот Ахилов лигамент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателот на клубот, Кевин Причард ја потврди веста, истакнувајќи дека неговото враќање се очекува дури во сезоната 2026/27.

Халибартон ја здоби повредата во првата четвртина на седмиот и одлучувачки натпревар од НБА финалето против Оклахома Сити Тандер, каде што Пејсерс беа на чекор до својата прва историска титула.

По само седум минути игра, Халибартон без контакт падна на теренот, веднаш се фати за десната нога и со болна гримаса го напушти теренот.

Првичните проценки беа загрижувачки, а магнетната резонанца брзо ја потврди најлошата вест, а тоа е комплетно пукање на Ахиловата тетива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јакимовски има нов клуб: Го напушти Тренто, но ќе остане во Италија

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски ќе ја продолжи кариерата во редовите на Нап…