Дома Останати Тенис Тешки сцени на Вимблдон. Димитров не можеше да му ја пружи раката на Синер поради болка

Тешки сцени на Вимблдон. Димитров не можеше да му ја пружи раката на Синер поради болка

Јаник Синер стана последниот четвртфиналист на машкиот дел од турнирот на Вимблдон откако Григор Димитров го предаде мечот во третиот сет.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бугарскиот тенисер имаше предност од 6:3, 7:5 и 2:2 до тој момент, но потоа претрпе повреда на десниот грaден мускул при сервис што го принуди да го предаде натпреварот.

Лекарскиот тим се обиде да му помогне и на теренот и надвор од него, но безуспешно. Кога се врати на теренот, го поздрави Синер и едвај успеа да ја крене раката за да се поздрави со судијата.

Со солзи во очите го напушти теренот, а публиката го испрати со громогласен аплауз. По ова, Димитров го предаде мечот на својот петти последователен Гренд Слем настап, потврдувајќи ја својата несреќа во последните години. Можете да ја погледнете ситуацијата ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Костјук победи во украинското дерби на Ролан Гарос, па се расплака (Видео)

Украинската тенисерка Марта Костјук успеа да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, от…