Дома Фудбал Синот на Карло Анчелоти седна на клупата на тимот кој го шокираше ПСЖ!

Синот на Карло Анчелоти седна на клупата на тимот кој го шокираше ПСЖ!

Карло Анчелоти неодамна го презеде водството на репрезентацијата на Бразил, а неговиот син Давиде (35) го следи како дел од тренерскиот тим, исто како што беше случај и во Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, нема да помине долго време пред таткото и синот да се разделат, но сепак ќе бидат блиску еден до друг. Според бразилските медиуми, Давиде Анчелоти ќе ја добие својата прва самостојна работа како главен тренер на Ботафого.

Актуелниот шампион на Јужна Америка остана без тренер откако го прекинаа соработката со Ренато Паива по поразот од Палмеирас и елиминацијата од Светското клупско првенство.

Најверојатно, одлуката да се ангажира Анчелоти помладиот ја донесе главниот сопственик на Ботафого, Џон Текстон, кој почна повеќе да се ангажира во работата на бразилскиот гигант по неговото заминување од Лион.

Давиде Анчелоти поседува богато тренерско искуство, работел заедно со својот татко во Баерн, Наполи, Евертон и Реал Мадрид пред да стасаат во Бразил.

Сега е време да започне самостојно…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На денешен ден пред 27 години беше одиграно најшокантното финале во Лигата на шампионите (Видео)

Стадионот Камп Ноу во Барселона е местото каде што се одржале некои од најзначајните натпр…