Дома Фудбал Сестрата на Кристијано Роналдо објасни зошто Португалецот не оди на погреби

Сестрата на Кристијано Роналдо објасни зошто Португалецот не оди на погреби

Во португалскиот град Гондомар се одржа последното проштално збогување на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа.

Емотивното збогување го одбележаа бројни личности од фудбалскиот свет, но и отсуството на еден од најпознатите Португалци – Кристијано Роналдо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неговото непојавување на церемонијата предизвика поделени реакции кај јавноста. Додека некои очекуваа дека легендарниот капитен на репрезентацијата ќе присуствува и ќе им оддаде почит на поранешните соиграчи, други застанаа во одбрана, наведувајќи причини од посебна природа.

Според написите во португалскиот весник Record, Кристијано Роналдо веќе речиси две децении избегнува да присуствува на јавни погреби. Причината е лична траума од 2005 година, кога го загуби својот татко. Тој настан, придружен со огромно медиумско внимание, остави длабока трага на него и неговото семејство.

Сестрата на Роналдо, Катија Авеиro, се огласи по повод ова на социјалните мрежи:

“Кога го загубивме татко ни, медиумите нѐ притискаа додека во капелата се простувавме во тишина. Одтогаш Кристијано избегнува погреби – не од непочит, туку од лична болка и траума која никогаш не ја излечи”, напиша Катија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не му помогнаа евроголовите на Шкупи: Башкими со чуден пресврт славеше победа! (Видео)

Единствениот денешен натпревар од Првата лига понуди неверојатен пресврт – Башкими го побе…