Дома Фудбал Гигант гради незапирлив тим: Родриго може во неочекуван трансфер да го напушти Реал Мадрид

Гигант гради незапирлив тим: Родриго може во неочекуван трансфер да го напушти Реал Мадрид

Бразилецот Родриго може да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во редовите на актуелниот европски шампион ПСЖ.

Ѕвездата на Реал Мадрид Родриго се почесто се поврзува со заминување од „кралскиот клуб“. Се спомнуваше трансфер во Англија, каде што го посакуваат најголемите клубови, и големата понуда од Ал Наср од Саудиска Арабија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, ЕСПН Бразил тврди дека 24-годишниот офанзивец би можел да ја продолжи кариерата во редовите на европскиот шампион ПСЖ. Преговорите веќе започнале.

„ПСЖ контактираше со претставниците на бразилскиот фудбалер Родриго. Сакаат да знаат дали постои желба да дојде во Париз“, наведува ЕСПН и дополнува:

„Манчестер Сити, Арсенал и ПСЖ веќе го контактираа фудбалерот и му соопштија дека го сакаат. Тој досега говореше дека сака да остане, но работите би можеле да се променат“.

ПСЖ бара уште еден офанзивец ова лето. Луис Енрике бара крилен напаѓач кој е способен да игра на неколку позиции, особено на позицијата “лажна деветка”.

Така, шпанскиот стручњак би создал уште поголем простор за Усман Дембеле, а токму Родриго совршено се вклопува во идеите што ги има тренерот на европскиот шампион.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…