Дома Фудбал Жоао Феликс најави сензационално враќање

Жоао Феликс најави сензационално враќање

Жоао Феликс не е во плановите на Енцо Мареска и сака да го напушти Челси, а неговиот следен клуб би можел да биде – Бенфика.

Веќе неколку недели се спомнува идејата дека Бенфика би платила до 30 милиони евра за неговото враќање, и јасно е дека враќањето во матичниот клуб сега е негова прва опција.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Кога ќе видам дека Бруно Лаж е тренер, кого го паметам како еден од највлијателните во мојата кариера, тоа може да влијае на мојата одлука за иднината. И секако дека потоа на други очи гледам кон враќањето во Бенфика. Тоа е можеби и одлука кон која сум најотворен“, рече Феликс.

Да потсетиме, Феликс потекнува од академијата на Бенфика, беше еден од најголемите таленти, а потоа летото 2019 Атлетико Мадрид за него плати дури 127 милиони евра, кои за жал не ги оправда.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мо Салах не ги сака новите соиграчи?

Барем така велат Германците кои застануваат на страната на мнозинството новопристигнати мо…