Дома Фудбал Навивачите го сменија мислењето: Прво го сакаа Вилијамс, а сега не бил калибар за Барселона

Навивачите го сменија мислењето: Прво го сакаа Вилијамс, а сега не бил калибар за Барселона

Нико Вилијамс е главната тема во Шпанија изминативе два дена.

Репрезентативецот на Шпанија одлучи во последен момент да го прекрши договорот со Барселона, која беше подготвена да ја активира неговата откупна клаузула од 62 милиони евра, и потпиша нов договор со Атлетик Билбао до 2035 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Со тоа, Нико успеа брзо да ги придобие назад навивачите на Атлетик, кои претходно му го уништија автомобилот и му праќаа заканувачки пораки преку социјалните мрежи, додека од друга страна, сега Каталонците му “свртеа грб”.

Иако до вчера навивачите на Барселона беа воодушевени од потенцијалниот трансфер на Нико, сега го променија мислењето, бидејќи ги истакнуваат неговите негативни статистики.

Верувале или не, откако дебитираше за Атлетик Билбао, Нико Вилијамс во Ла Лига има постигнато само 16 голови на 132 натпревари, и во ниту една од четирите сезони не постигнал повеќе од шест лигашки погодоци?!

Исто така, навивачките страници на Барса го истакнуваат податокот дека има само 31 гол на сите натпреварувања на дури 167 натпревари во дресот на баскискиот клуб.

За споредба, навивачите на Барса потсетуваат на импресивната сезона на Рафиња, кој во минатата сезона, кога сите го видоа надвор од клубот токму поради Нико Вилијамс, постигна 34 гола, повеќе отколку Нико во целата своја кариера! 

Покрај тоа, Рафиња запиша и 25 асистенции, а за споредба, Нико во целата досегашна кариера има само пет повеќе – 30.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги обедини Меси, Нејмар и Суарез

Интер Мајами, клуб од МЛС лига кој е во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да с…