
Иднината на Маркус Рашфорд на „Олд Трафорд“ изгледа сѐ понеизвесна. Според нови информации објавени од реномираниот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо, англискиот напаѓач веќе не е дел од долгорочните планови на Манчестер Јунајтед.
„Клубот го смета Рашфорд за комплетно надвор од својот проект“, изјави Романо на својот YouTube канал, повикувајќи се на извори блиски до управата на „црвените ѓаволи“.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Според него, самиот играч исто така ја гледа својата иднина подалеку од Манчестер.
„Барселона е сон за Маркус уште од првиот ден на летниот трансфер прозорец. Тој сака трансфер во каталонскиот гигант“, истакна Романо.
Фото: Принтскрин