Дома Фудбал Фудбалот е повеќе од игра: Суарез и Кавани ќе добијат свои улици

Фудбалот е повеќе од игра: Суарез и Кавани ќе добијат свои улици

Некои фудбалери се икони и легенди во своите земји, а тоа особено важи за Јужна Америка каде што фудбалскиот фанатизам понекогаш ги преминува границите кои е тешко да се опишат.

Уругвај е земја која се смета за една од колевките на фудбалот, особено на репрезентативниот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Уругвајците беа домаќини на првото Светско првенство во 1930 година, а имаат и две титули на светски прваци во 1930 и 1950 година.

И во поново време, Уругвај одигра значајни улоги на светската фудбалска сцена.

Се издвојува Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година кога завршија на четвртото место на крајот, а тоа првенство го обележа раката на Суарез на мечот против Гана.

И токму Луис Суарез е еден од најголемите уругвајски фудбалери во последните две децении.

Покрај Суарез, тука е и Единсон Кавани, а споменатата двојка фудбалери сочинуваше одличен напад во светот на фудбалот.

Уругвај одлучи да се оддолжи на своите фудбалски херои. Поточно, градот Салто со 115.000 жители на границата со Аргентина, одлучи две улици да носат име токму по Луис Суарез и Единсон Кавани.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Револуција во женскиот фудбал: Французинка стана најскапа фудбалерка на сите времиња

Летниот трансфер период во женскиот фудбал донесе нова промена во барањето на високи транс…