
Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезентативец потпиша договор со “бијанконерите” до 30 јуни 2030 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информации во италијанските медиуми, поранешната ѕвезда на Лил ќе добива годишна плата од 6 милиони евра.
Дејвид го носеше дресот на “песовите” од 2020 година. Неговиот договор со францускиот клуб истече на 1 јули и тој стана слободен агент.
Во претходната сезона Канаѓанецот одигра 49 натпревари во сите турнири, при што постигна 25 голови и оствари 12 асистенции.
Jonathan David è un nuovo giocatore della Juventus 🇨🇦
— JuventusFC (@juventusfc) July 4, 2025
Benvenuto in ⚪️⚫️!