Дома Фудбал Родриго решил да го напушти Реал Мадрид, Арсенал фаворит за Бразилецот

Родриго решил да го напушти Реал Мадрид, Арсенал фаворит за Бразилецот

Родриго одлучи да го напушти Реал Мадрид по крајот на Светското клупско првенство, известува весникот “АС”.

Во сабота 15-кратните клупски шампиони на Европа ќе се сретнат со Борусија Дортмунд во четвртфиналето на турнирот во САД. Најверојатната нова дестинација за бразилскиот репрезентативец ќе биде Арсенал. За сега Родриго ги одбил контактите со “топџиите”, затоа што сака да се фокусира на своите настапи со дресот на “белите”.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Се очекува на крајот на јули Бразилецот да разговара со тренерот на Мадрид, Чаби Алонсо. Можниот трансфер на напаѓачот во Арсенал може да достигне вкупна сума од околу 90 милиони евра. Минатата сезона 24-годишниот Родриго одигра 30 натпревари, постигна 6 гола и даде 5 асистенции за “белите” во натпреварите од Примера дивисион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вистинска мајсторија: Митровски постигна прекрасен гол од слободен удар (Видео)

Македонскиот интернациналец Димитар Митровски постигна одличен гол од слободен удар во пор…