Дома Фудбал Шок за Барселона: Вилијамс го продолжи договорот до 2035 година!

Шок за Барселона: Вилијамс го продолжи договорот до 2035 година!

Атлетик на своите социјални мрежи објави дека го продолжува договорот со својот напаѓач Нико Вилијамс до 2035 година, а сега и клазулата во договорот ќе се зголеми за 50%.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Досега оваа клаузула изнесуваше 60 милиони евра, што значи новата надминува 90 милиони. Ова е големо изненадување бидејќи досега со месеци се шпекулираше дека Вилијамс е во напредни преговори со Барселона, а шпанските медиуми дури и го сметаа трансферот за завршен. Сега, Барселона остана без најголемиот трансфер оваа сезона и ќе мора да бара нови решенија.

Фабрицио Романо пишува дека проблемот произлегол од неспособноста на Барселона да го регистрира Вилијамс, што е спротивно од информациите кои ги објавуваат шпанските медиуми, според кои каталонскиот клуб конечно ги задоволил сите финансиски правила на лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манев: БиХ и Турција се квалитетни ривали, но Македонија оди на победа

Македонската фудбалска репрезентација е во завршна фаза од подготовките за пријателските н…