Дома Останати Тенис Иванишевиќ за Ѓоковиќ: Ако го освои Вимблдон, нема да застане

Иванишевиќ за Ѓоковиќ: Ако го освои Вимблдон, нема да застане

Горан Иванишевиќ долги години беше тренер на Новак Ѓоковиќ, а во студиото на „Спорт клуб“ на Вимблдон, токму српскиот тенисер го постави како главен фаворит.

Во разговор со Небојша Вишковиќ и Марија Секуловиќ, Иванишевиќ покрај приказната за сегашниот клиент, Стефанос Циципас, говореше и за Ѓоковиќ и неговите шанси:

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Мене тој ми е фаворит тука. Пред некој ден тренираше со Стефанос и гледајќи го од другата страна, тоа е таква леснотија на играње тенис. Тој е овде убедливо најдобар играч на трева. Според мене, сигурно ќе играат тој и Синер полуфинале и според мене, тој е фаворит. Ова не е неговата единствена шанса, го има и УС Опен“, изјави некогашниот тренер на Новак.

„Со него никогаш не се знае. Тоа е таква леснотија на движење, топката му оди 300 на саат. Прашање е мотивација, дали е подготвен. Ако овде освоите, нема да застане на 25, не може тој… Јас не знам каде е после Лос Анџелес Олимпијадата. Со него никогаш не се знае“, низ смеа рече Иванишевиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се искачи на четвртото место, Алкараз го презеде врвот од Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место и на денес објавената АТП-листа с…