Серхио Бускетс и Серџи Роберто денес се незаменливи на своите позиции во тимот на Луис Енерике, но лесно можеле да завршат во Реал Мадрид.
Тоа во интервју за „Кадена сер“ го потврди скаутот Маноло Ронеро, кој веќе 25 години скаутира играчи за клубот од Каталонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бускетс беше повикан како дете да дојде во Реал Мадрид, но Барселона веднаш реагираше. Се беше договорено, и требаше да дојде на проба на седум дена, но Барса успеа да го стопира трансферот. Што се однесува за Роберто, тој практично имаше се договорено и требаше да премине во школата на Реал. Разговараше и со своите родители, но на крајот ја одбра Барса“, изјави Ромеро.
Бускетс е незаменлив во тимот на Барса во последните осум години, откако Гвардиола го воведе во првиот тим во 2008 година, додека Роберто стана десен бек после заминувањето на Дани Алвеш.