Дома Фудбал Шеиците во Ал Хилал ги оставија играчите во шок по големата победа со неверојатни бонуси

Шеиците во Ал Хилал ги оставија играчите во шок по големата победа со неверојатни бонуси

Фудбалерите на Ал Хилал приредија сензација на Светското клупско првенство – по продолженијата го елиминираа Манчестер Сити со резултат од 4:3, а славјето во соблекувалната беше незаборавно.

Под водство на Симоне Инзаги, саудискиот шампион ги победи актуелните европски прваци, што само по себе е историска вест. Но, она што се случи по натпреварот го надмина сè.

Шеиците ги наградија со по пет милиони евра!

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во миговите на славје, соблекувалната ја посети еден од членовите на саудиското кралско семејство, лично ги честиташе играчите и објави неверојатна награда – секој играч на Ал Хилал доби по пет милиони евра!

Членовите на стручниот штаб не беа изоставени, а шокот и воодушевувањето завладеа кај сите присутни.

Саудиската бајка станува сè посериозна

Овој гест е уште еден доказ за сериозните инвестиции на Саудиска Арабија во спортот, посебно во фудбалот, кој во последните години се развива со невидена брзина. Успехот против Сити е јасен показател дека тие проекти носат резултати на највисоко ниво.

Во четвртфиналето Ал Хилал ги очекува нов предизвик – Флуминенсе, актуелниот шампион на Јужна Америка.Тоа ќе биде уште еден спектакл, а Саудијците сега со право веруваат дека нивната фудбалска бајка може да достигне уште поголеми височини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …