Дома Фудбал Де Лаурентис се ангажира за трансферот на Нунес во Наполи

Де Лаурентис се ангажира за трансферот на Нунес во Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, лично се зафати со трансферот на Дарвин Нунес.

Како што е познато, “партенопеите” веќе некое време водат преговори за уругвајскиот напаѓач, но не можат да се договорат со Ливерпул за цената. Мерсисајдците бараат барем 60 милиони евра, но италијанскиот шампион не е подготвен да ја исплати таа сума.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според “Кориере дело Спорт”, Де Лаурентис оствари средба со агентот Фали Рамадани, кој е задолжен да посредува меѓу двата клуба за Нунес, иако тој лично не работи со уругваецот.

Рамадани е агент на друг фудбалер на Ливерпул – Федерико Киеза, кој исто така се поврзува со Наполи. Во последните денови се дискутира дека мерсисајдците имаат интерес за Виктор Осимен. Постои претпоставка дека мерсисајдците размислуваат да понудат размена на играчи меѓу двата клуба, но за тоа сè уште нема никакви потврди од порелевантни извори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универси…