
Третиот светски тенисер Александер Зверев шокантно испадна во првото коло на Вимблдон, а потоа уште повеќе изненади со откривањето дека има ментални проблеми надвор од теренот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Зверев во вторникот навечер, по поразот од Артур Риндеркнех, изјави дека се чувствува многу осамено во животот и размислува за терапија.
„Никогаш порано не сум се чувствувал вака празно. Понекогаш се чувствувам многу осамено. Се мачам. Ментално, велам дека се мачам од Австралија опен. Едноставно, не знам… Се обидувам да најдам начини да се извлечам од оваа дупка. А постојано повторно се наоѓам во неа. Општо се чувствувам доста осамено во животот во моментов, што е чувство што не е баш убаво”, рече Зверев на прес-конференција.
Фото: Принтскрин