Дома Останати Тенис Ѓоковиќ откри што му се случи против Мулер

Ѓоковиќ откри што му се случи против Мулер

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ откри што всушност се случи во првото коло на Вимблдон кога имаше здравствени проблеми и побара медицински тајм-аут.

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Вимблдон откако го победи Французинот Мулер со 3:1. Не беше лесно, тврд противник беше Александер, а Србинот имаше и здравствени проблеми кога во третиот сет побара медицински тајм-аут бидејќи не се чувствуваше добро.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Како што реков на теренот, од сјајот до очајот беше. Не во смисла на играта, туку на чувство на теренот. Не знам што се случи. Всушност, претпоставувам дека нешто беше со храната, многу играчи имаа такви проблеми. Веднаш штом се смири со стомакот, мене ми се врати енергијата и можев да се движам и играм онака како што играв сет и половина. Мислам дека играв феноменално, се чувствував одлично… Потоа тоа се случи и сè се забави – и моето движење, и играта…”, кажа Ѓоковиќ разговорот со медиумите.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се искачи на четвртото место, Алкараз го презеде врвот од Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место и на денес објавената АТП-листа с…