Дома Фудбал Teшко е да се игра во САД: Десет фудбалери на Јувентус против Реал барале замена!

Teшко е да се игра во САД: Десет фудбалери на Јувентус против Реал барале замена!

Јувентус не успеа да продолжи понатаму на Светското клупско првенство, откако Реал Мадрид ги совлада со 1-0. Екипата на Игор Тудор беше видливо исцрпена поради временските услови, а по натпреварот, хрватскиот тренер откри дека дури десет играчи побарале замена.

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, изјави дека неговите играчи го дале својот максимум и дека заморот беше еден од клучните фактори за поразот со 0-1 од Реал Мадрид во осминафиналето на Светското клупско првенство, кое се одигра во Мајами.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


– Морам да им честитам на своите играчи затоа што се придржуваа до планот што го договоривме пред натпреварот. Имавме неколку шанси за погодок, но тешко е да се игра против Реал, не знаете дали се поопасни кога ја имаат топката или во контра. Во овие временски услови, моите играчи покажаа сѐ што можеа. Десет од нив побараа замена – изјави Тудор за италијанските медиуми. Одлучувачкиот гол го постигна Гонзало Гарсија во 54. минута, додека Лука Модриќ заигра за Реал во 78. минута.

Новинарите се интересираа зошто најдобриот играч на “старата дама”, крилниот напаѓач Кенан Јилдиз, беше заменет во 71. минута.

– Јилдиз почувствува затегање и стравувавме од можно повредување – додаде тренерот на Јуве.

Фото: Juventus FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шеиците во Ал Хилал ги оставија играчите во шок по големата победа со неверојатни бонуси

Фудбалерите на Ал Хилал приредија сензација на Светското клупско првенство – по продолжени…