
Новак Ѓоковиќ ја прослави својата прва победа на годинешниов Вимблдон со гест што ги отсликува актуелните студентски и граѓански протести низ Србија.
Јелена Карлеуша веднаш реагираше.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
По победата над Александре Мулер (6:1, 6:7, 6:2, 6:2), Ѓоковиќ се заврти кон трибините и направи неколку потези како пумпање, со широка насмевка на лицето.
На прес-конференцијата што следуваше, Ѓоковиќ го објасни тој потег подетално.
– Ова е меѓу мене и моите деца. Имаме две песни што ги слушаме во последно време. Се договоривме дека оваа кореографија би можела да биде соодветна за сите победи на Вимблдон. Така ќе ги прославувам и во иднина тамошните победи. Симболична паралела е — изјави Новак.
Карлеуша, која последниве години е блиска власта во Србија, веднаш го искоментира неговиот гест.
Спортист кој НА ТЕРЕН меша политика во спорт НЕ Е СПОРТИСТ.
— Елена Карлеуша (@karlinbich) 2 јули 2025
Спортист кој поддржува насилство и беззаконие во својата земја НЕ Е СПОРТИСТ.
Спортист кој во спорт меша и политика и своите и туѓите деца, поттикнува туѓи деца да не одат на училиште додека неговите одат во приватна – НЕ Е…
– Спортист кој на терен меша политика во спорт НЕ Е СПОРТИСТ. Спортист кој поддржува насилство и беззаконие во својата земја НЕ Е СПОРТИСТ. Спортист кој во спорт меша и политика и своите и туѓите деца, поттикнува туѓи деца да не одат на училиште додека неговите одат во приватно – НЕ Е ДОБАР ЧОВЕК. Затоа што добро удирање, фрлање, шутирање на топката не значи и дека си добар човек – порача таа.