Дома Фудбал Потегот на Влаховиќ ќе предизвика „земјотрес“ во Италија

Потегот на Влаховиќ ќе предизвика „земјотрес“ во Италија

Фудбалерите на Јувентус беа поразени од Реал Мадрид со 1:0, со што испаднаа од Светското првенство за клубови во осминафиналето. Тоа значи дека Србија ги загуби и своите два претставника во вид на Душан Влаховиќ и Филип Костиќ. Страничниот фудбалер играше на овој натпревар, додека напаѓачот целосно го преседе на клупата.

Веќе се зборува за потенцијалното заминување на Душан Влаховиќ од Јувентус, а изгледа како сето тоа да ескалираше ова лето и дека тој најверојатно ќе ги напушти црно-белите, што се забележа и по самиот натпревар.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Душан Влаховиќ преседе сите 90 минути на натпреварот, бидејќи така одлучи хрватскиот тренер Игор Тудор кој не му даде шанса, дури ни тогаш кога се гонеше резултатот. Тоа само ги подгреа шпекулациите дека ќе си замине од Јувентус, додека со еден потег по натпреварот ги налути навивачите и цела Италија.

Јувентус беше поразен од Реал Мадрид, а Душан Влаховиќ ја лајкува објавата на Џуд Белингем, со што само ги налути навивачите и медиумите во Италија.

Веднаш се нафрлија на српскиот фудбалер, кој најверојатно посакал да се одмазди на „бјанконерите“.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шеиците во Ал Хилал ги оставија играчите во шок по големата победа со неверојатни бонуси

Фудбалерите на Ал Хилал приредија сензација на Светското клупско првенство – по продолжени…