Дома Tennis Изненадување на Вимблдон: Елиминирана Коко Гоф

Изненадување на Вимблдон: Елиминирана Коко Гоф

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон.

За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја совлада втората светска тенисерка.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во првиот сет двете тенисерки имаа по еден брејк. Јастремска поведе со 5:2 во гемови, но Гоф изедначи на 5:5 и сетот беше решен во тај брејкот.

Во вториот сет тенисерката од Украина веднаш на стартот направи брејк, а до крајот на сетот во уште два наврати го одзема гемот на сервис на ривалката.

Во второто коло противничка на Јастремска ќе и биде квалификантката Анастасија Захарова

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Tennis

Проверете

Хит сцена: Сабаленка ги помеша Алкараз и Синер! (Видео)

Победниците на УС Опен, Арина Сабаленка и Карлос Алкараз, беа гости во емисијата “Th…