Дома Фудбал Лаутаро бесен на соиграчите по шокот на Светското клупско првенство: Ако не сакате да сте тука – заминете!

Лаутаро бесен на соиграчите по шокот на Светското клупско првенство: Ако не сакате да сте тука – заминете!

Фудбалерите на Интер се опростуваат од Светското клупско првенство по поразот од Флуминенсе, а Лаутаро Мартинес не го криеше своето незадоволство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тимот, кој се здоби со сребрен медал во Италија, не покажа квалитет во дуелот со бразилците и беше елиминиран во осминафиналето. Мартинес силно ги критикуваше своите колеги по натпреварот.

Аргентинскиот напаѓач не беше импресиониран од однесувањето на некои играчи на теренот, не толку заради играта, туку поради нивната инертност:

„Сакам да се борам за врвните титули. Кој сака да остане во Интер, одлично, да се бориме заедно. Кој не сака, нека си оди“, започна Мартинес и продолжи:

„Ни требаат играчи кои сакаат да бидат овде. Носиме важна маица. Потребен ни е врвен менталитет, ако го нема, молам, напуштете го клубот“, порача Мартинес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мереска добива шампионски тим – подготвени се две фантастични засилувања!

Енцо Мереска ќе биде назначен како нов менаџер на Манчестер Сити во текот на следната неде…