
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се впушта во освојување на титулата на Вимблдон, а негов противник во првото коло е Александер Милер (Франција). Нивниот натпревар нема да започне околу 16 часот по наше време како што беше предвидено.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, ќе доцни поради Саша Зверев и одлуката на организаторите која ќе ги налути многумина. Проценето е дека почетокот ќе доцни околу два часа, но сè ќе зависи од натпреварите што се играат пред тоа на Централниот терен во Лондон.
Прво на теренот ќе излезат Барбора Крејчикова (Чешка) и Александра Еала (Филипини), а потоа наместо Новак, на теренот ќе бидат Зверев и Артур Риндеркнеш (Франција). Нивниот натпревар беше прекинат поради строгите правила дека натпреварите на Вимблдон се играат најдоцна до 23 часот.
Се дојде до поместување од понеделник на вторник и натпреварот ќе продолжи со третиот сет, бидејќи во моментот на прекинот беше 1:1 во сетови, двата завршени во тај-брејк, првиот го доби Французинот (7:3), а вториот Германецот откако спаси четири сет топки (10:8).
ФОТО: Принтскрин