Дома Фудбал Готово: Арсенал договори ново засилување – пристигнува ново име во одбраната!

Готово: Арсенал договори ново засилување – пристигнува ново име во одбраната!

Новиот фудбалер е на видикот на Арсенал. 

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа трае веќе некое време, а сега работите стануваат јасни – Арсенал веќе постигнал договор со дефанзивецот на Валенсија, Кристиан Москера.

Овој 21-годишен играч е дел од Валенсија од својата 12-та година, минал низ сите младински категории и е репрезентативец на Шпанија. Ако продолжи со добриот настап, сосема е можно да добие повик и од селекторот.

Москера минатата сезона за Валенсија настапи на дури 41 натпревар, а оваа година го постигна и првиот гол против Леганес. 

Постои договор со Арсенал, но „топџиите“ чекаат и на согласност од Валенсија, која не отстапува од својата сума од 20 милиони евра. Досега, понудата од 14 милиони евра беше одбиена. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пропадна планот на Серхио Рамос за преземање на Севиљa. “Најлошата понуда досега”

Планот на Серхио Рамос (40) за преземање на Севиља целосно се урна откако легендата на Реа…