
Реал Мадрид го донесе решението – нема да купуваат напаѓач како план Б, бидејќи таков веќе постои во нивните редови и тоа е – Гонзало Гарсија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот стрелец кој минатата сезона блескаше кај Алваро Арбелоа во вториот тим на Реал Мадрид, доби шанса под водство на Чаби Алонсо и ја искористи на најдобар можен начин.
Алонсо е уверен дека Гарсија може да биде резервен напаѓач кој може да внесува енергија од клупата, слично како што претходно правеше искусниот Хоселу.
Има 21 година, роден е во Мадрид, поминал низ сите младински селекции на Реал Мадрид, добро го познава клубот и со својата работа го освои довербата на Чаби Алонсо.
На Светското првенство досега постигна два гола и забележа една асистенција, заменувајќи го Килијан Мбапе кој страдаше од стомачни проблеми.
Очекувањата се дека Гарсија оваа сезона ќе биде дел од првиот тим на Реал и ќе добие шанса да се докаже.
Сè уште останува да се види што ќе се случи со младиот напаѓач Ендрик, кој минатото лето пристигна од Палмеирас за огромни 45 милиони евра и досега не се наметна.
Реал Мадрид се соочува со Јувентус во осминафиналето на Светското првенство. Килијан Мбапе се враќа во тимот, но не е исклучено Гонзало Гарсија да остане прва опција поради добрата форма.
Натпреварот Реал – Јувентус ќе се одржи во вторник во 21.00 часот.