
Динамо Загреб денес би требало да добие спектакуларно засилување. Нов член на „Модрите“ ќе стане Шпанецот Серги Домингез.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Звонимир Бобан одлучи целосно да го реконструира загрепскиот Динамо. Има многу нови имиња на Максимир, а денес треба да пристигне уште едно.
Шпанецот Серги Домингез веќе има договор за пристапување во Динамо. Барселона денес веројатно ќе го официјализира неговиот трансфер во редовите на најтрофејниот хрватски клуб.
„Модрите“ за услугите на овој 20-годишник ќе платат на Барса 1,2 милиони евра, а каталонскиот гигант ќе има право на 20 проценти од следната продажба.
Домингез веќе претходно договорил четиригодишна соработка со тимот од Загреб и наскоро ќе стане жител на главниот град на Хрватска.
20-годишниот стопер за првиот тим на Барселона одигра шест натпревари. Меѓутоа, не е во сериозни планови на Ханси Флик за новата сезона и се одлучи на заминување.
Фото: Принтскрин