Дома Фудбал Баерн го елимираше Фламенго за пласман во четвртфиналето

Баерн го елимираше Фламенго за пласман во четвртфиналето

Најтрофејниот германски клуб, Баерн го елиминираше Фламенго, клуб со најмногу регистрирани навивачи во светот и резервира место во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА: Баерн го победи Фламенго со 4:2 (3:1) пред 60.000 навивачи во Флорида.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фламенго официјално има 46,9 милиони регистрирани навивачи, што го прави најпопуларниот клуб во светот. Пресметано е дека 21,9 проценти од населението на Бразил го поддржуваат овој клуб.

Во битката за полуфиналето, Баварците ќе се сретнат со европскиот шампион, Пари Сен Жермен, кој во првиот натпревар од денот го декласираше домашниот тим Интер Мајами со резултат од 4:0.

Фламенго го реши најдобриот стрелец на Баерн, Хари Кејн. Англичанецот постигна два гола во деветтата и 73.минута. Баерн до предност дојде со авто голот на Пулгар во шестата минута. Еден гол за Баварците постигна Леон Горецка.

Головите за Фламенго ги постигнаа Жерсон во 33. и Жоргињо во 55. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…