
Монако официјално потврди дека Пол Погба е нов играч на овој клуб и дека по речиси две години повторно се враќа на теренот. Сцената кога му ја дадоа пенкало да потпише договор многумина ги растажи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Погба ја одигра својата последна натпреварувачка средба во август 2023 година во дресот на Јувентус, кога се повреди на коленото, а потоа започна пеколот за овој Французин.
Наскоро по тоа беше објавено дека Погба падна на допинг тестирање и поради тоа доби строга суспензија од четири години.
Иако се чинеше дека неговата кариера заврши и дека нема враќање на теренот, Погба не се предаде и денеска се врати на голема сцена на голема врата.
Погба потпиша договор со Монако и следната сезона ќе игра во дресот на „кнезовите“, а дури ќе го гледаме со овој клуб и во Лигата на шампиони што навистина е одлично.
Овој 32-годишник напорно тренираше цело време додека беше суспендиран и светлото на крајот од тунелот беше одлуката на судот да ја уважи неговата жалба и значително да го намали издржувањето на суспензијата.
— AS Monaco 🇲🇨 (@AS_Monaco) June 28, 2025
Фото: Принтскрин
.