Дома Фудбал Предстојат важни 24 часа во преговорите помеѓу Ливерпул и Кристал Палас

Предстојат важни 24 часа во преговорите помеѓу Ливерпул и Кристал Палас

Ливерпул продолжува да напредува во однос на реализацијата на следниот летен трансфер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во последните неколку дена различни извори на Островот тврдат дека „црвените“ се приближуваат до капитенот на Кристал Палас, Марк Геи. Денес, „Мирър“ информира дека во наредните 24 часа има закажани разговори помеѓу сите страни кои се вклучени во договорот.

Централниот бек има договор за уште само 12 месеци, па така иако Кристал Палас го проценуваше англискиот репрезентативец на 70 милиони фунти, сега реалната сума што „орлите“ можат да ја добијат е помеѓу 40 и 50 милиони. 20% ќе одат за поранешниот клуб на Геи – Челзи.

Има претпоставки дека Ливерпул ќе започне со понуда од помала сума и првичната понуда на мерсисајдци ќе биде од околу 30 милиони. „Црвените“ секој момент ќе ја финализираат продажбата на друг централен бек – Џарел Кванса, во Бајер (Леверкузен), за кого ќе добијат околу 35 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…