
Фудбалскиот клуб Олимпик Лион соопшти денеска дека успешно го заврши постапката за финансиска проверка пред УЕФА, што му овозможува учество во Лига Европа следната сезона, под услов да остане во Лига 1.
Оваа вест доаѓа само неколку дена откако Лион административно беше префрлен во Втората француска лига од страна на француското тело за финансиска контрола на клубовите (DNCG), поради несогласување во буџетот. Клубот најави дека ќе поднесе жалба на таа одлука.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Во соопштението, Лион наведува дека потпишал договор со УЕФА телото за финансиска контрола на клубовите, но и дека играњето во Лига Европа ќе зависи од „поволниот исход на жалбената постапка” против одлуката на DNCG.
УЕФА во ноември започна постапка на надзор над Лион, откако DNCG привремено донесе одлука за административна деградација, која сега е потврдена додека се чека на жалба.
Во мај, УЕФА му изрече на Лион казна од 200.000 евра поради неизвршени обврски кон други клубови, вработени, како и кон даночните и социјалните институции. Тоа беше највисока парична казна изречена на некој клуб во тој надзорен циклус.
Фото: Принтскрин