Дома Фудбал Милан договори ново засилување за 25 милиони евра

Милан договори ново засилување за 25 милиони евра

Самуел Ричи ќе биде новиот фудбалер на Милан, прашање е само на време.

Италијанскиот фудбалер е на прагот на овој клуб, а „росонерите“ ќе мораат да платат значителна сума за овој фудбалер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според информациите од „чизмата“, Милан ќе плати на касата на Торино 25 милиони евра, плус бонуси.

Овој 23-годишник постигна еден гол и додаде две асистенции во сезоната зад него на 36 натпревари за Торино. Покрај тоа, вреди да се напомене дека е репрезентативец на Италија, имајќи предвид дека дебитираше уште пред три години кога селектор беше Роберто Манчини и оттогаш има собрано 10 настапи.

На средината на теренот би можел да формира тандем заедно со Лука Модриќ, а е интересно дека Гранит Џака беше првата опција за „росонерите“, но трансферот се комплицираше, барем засега.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси не чекаше многу, брзо му одговори на Роналдо за изјавата кај Морган!

Интервјуто на Пирс Морган со Кристијано Роналдо предизвика многу дискусии, откако познатио…