
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и во претстојната сезона ќе биде дел од елитната Лига на шампиони. Денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ ги одреди ривалите на битолскиот тим во групната фаза.
Пелистер беше извлечен од третиот шешир, што значеше дека нема да може да избегне некои од најсилните европски состави. Дополнително, ограничувањата според кои тимови од иста држава не можат да се најдат во иста група влијаеја врз составот на групите.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Ждрепката не беше наклонета за „зелените“, кои добија исклучително силна група. Пелистер ќе се соочи со европскиот првак Барселона, со амбициозниот Пари Сен Жермен, а ривали ќе им бидат и унгарски ПИК Сегед, полскиот Висла Плоцк и тимот на Загреб.
Битолчани се свесни дека ги чека голем предизвик, но и нова можност за да го потврдат своето место меѓу најдобрите на Стариот континент.
ГРУПА А
1. Алборг
2. Фуксе Берлин
3. Веспрем
4. Кјелце
5. Нант
6. Спортинг Лисабон
7. Динамо Букурешт
8. Клоштад
ГРУПА Б
1. Висла Плоцк
2. Барселона
3. ПСЖ
4. ГОГ Гудме
5. Магдебург
6. ПИК Сегед
7. Загреб
8. Пелистер